Утрово во 5 часот Струмица и регионот останаа без електрична енергија цели три часа. Прекин на електричната енергија имало и во неколку градови во Македонија како што се Гевгелија, Штип, Кочани, Прилеп, Кичево, Охрид, Куманово, Скопје… Од ЕВН контакт центарот велат дека станува збор за голем дефект кој настанал во раните утрински часови. Околу 8 часот, по неколку обиди со вклучување/исклучување во Струмица снабдувањето со електрична енергија е нормализирано. ЕВН Македонија во текот на денот се очекува да информира за настанатиот дефект на електричната мрежа.