Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 18 септември) во периодот од 08:15 до 16:00 часот без електрична енергија ќе останат голем број населени места во струмичко, особено во општините Ново Село и Босилово, и тоа: Штука, Турново, Сушица, Иловица, Смолари, Секирник, Мокрино, Мокриево, Ново Село, Дражево, Бајково, Ново Коњарево, Старо Коњарево, Самоилово и Зубово.
Прекинот е поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.