Утре (сабота, 26 октомври), во Спортската сала „Парк“ во Струмица во организација на КК „ВЕТЕРАНИ БАСКЕТ“ Струмица за прв пат ќе се одржи Меѓународен Меморијален турнир во кошарка за ветерани, а во чест на прерано починатиот кошаркар Звонимир Кечев – Кечето, некогашен член на струмичките кошаркарски великани КК „Неметали Огражден“ и КК „Македонија ‘91“.
Од клубот на ветераните јавна покана до сите граѓани и љубители на кошарката да дојдат, да ги следат натпреварите и да му оддадеме почит на нашиот струмичанец Кечето.
На турнирот ќе се натпреваруваат ветераните на КК Лесковац – Србија, КК Солун – Грција, КК Варна – Бугарија, кошаркарските клубови на ветерани од Кавадарци, Велес, Битола и домаќините КК ВЕТЕРАНИ БАСКЕТ Струмица.