Претседателот на Унијата на млади сили при ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Никола Андонов, денеска преку прес конференција ги повика младите утре да излезат на закажаниот протестен марш за аерозагадувањето во Струмица.
Интегрален текст од прес конференцијата:
Почитувани пријатели!
Дваесет години локална власт на СДС!
Дваесет години дишиме загаден воздух!
Дваесет години го затвораат градот од сите страни со станбени објекти!
Го затворија најголемиот прочистувач на воздухот во градот-(вељушкиот ветер) за да си добијат тендери и да си ги наполнат џебовите.
Град од 35.000 жители,но сепак еден од најзагадените градови во светот!
И замислете го гледам градоначалникот Костадин Костадинов го подржува протестот кој ќе се одржи на 1 Февруари, а со тоа да можат да ја префрлат вината за загадениот воздух додека тие по 20 години локална и 7 години централна власт не превземаа НИШТО!
Воздухот е наше право, а не ваш профит!
Јас како претседател на Унијата на Млади Сили – Струмица го подржувам овој Протест.
Нашата иднина зависи од нас младите!
Затоа ајде сите да излеземе: Сабота, 1 февруари, 11:00 часот, пред Дом на АРМ во Струмица!