Универзитетскиот професор по филозофски науки д-р Зоран Крстевски, на 17 ноември (петок) од 17:30 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица (мала сала) ќе одржи едукативни предавања.
Како автор на десет книги кои се меѓу најчитаните во Македонија, а познат по неговите предавања и настапи на медиумите каде обработува теми од областа на филозофијата, психологијата и астрологијата, д-р Зоран Крстевски ќе се осврне на повеќе аспекти од современото живеење кои детално ги има разработено во двете книги „Излез од криза” и „Исцелување на душата”, истакнувајќи дека во ова време на стресно и брзо живеење смирениот дух е тоа што треба да го извлечиме од нас.
Петок, 17 ноември | 17:30 часот | Центар за култура – Струмица | Влез слободен