Синоќа во 22:00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица лишиле од слобода 22-годишно момче од село Еднокуќево, струмичко, затоа што кај него бил пронајден и одземен амфетамин.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од струмичката полиција.