СВР Струмица информира дека вчера е лишена од слобода 21-годишна девојка од струмичко, бидејќи е осомничена дека на забава во јануари годинава, со употреба на сила врз малолетничка овозможила да биде извршена обљуба од страна на двајца малолетници од струмичко.
За случајот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Струмица и со соодветен поднесок трите лица денеска се изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.