СВР Струмица информира дека на 8 октомври во 22:00 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.М.(38). Тој се сомничи дека во домот физички ја нападнал неговата 57-годишна мајка, а откако таа го напуштила домот тој предизвикал пожар во домот, при што со повреди се здобил неговиот 66-годишен татко.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната единица на Струмица, а неговиот татко бил пренесен во струмичката болница за укажување помош.
В.М. бил задржан во Полициска станица, по што вчера бил пренесен на лекување во медицинска установа во Негорци. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на СВР Струмица.