Синоќа во 01:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ѓ.М.(36) од Пехчево. Тој се сомничи дека истата вечер (сабота, 20 април), во 22:45 часот во продажен објект во Струмица со закана кон вработената одзел повеќе производи.
Од СВР Струмица информираат дека лицето било задржано во Полициската станица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.