Вчера во 15:40 часот во струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.С.(59), поради тоа што во домот физички ја нападнал неговата 59-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информираат од струмичката полиција.