Утрово во 04:40 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода В.Г.(40) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 03:20 часот на улицата „Мајка Тереза“ во Струмица физички го нападнал Т.Т.(56) од Струмица и му одзел пари. Тој е задржан во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против В.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од струмичката полиција.