Општината Умраније од Турција ќе донира Детски забавен парк за децата во општина Василево. Ова го најави градоначалникот Славе Андонов при денешната посета на Општина Умраније, каде имаше работна средба со градоначалникот Исмет Јилдирим.
„Разговаравме за нашите надлежности, актуелните проблеми и предизвици со светската криза, скапата цена на горивата и електричната енергија, кои се нашите сличности, а што е она што не разликува како локални самоуправи“, вели градоначалникот Андонов.
Станува збор за општина со околу 800.000 жители во која живеат голем број македонски иселеници.