На 54-от Меѓународен саем за туризам во Нови Сад, посебно признание со највисоко ниво за развој на туризмот во Македонија и беше доделена на Туристичката агенција „Нова Травел“ од Струмица, која постои веќе 15 години и работи како тур-оператор со А лиценца. Наградата ја прими една од сопствениците на оваа струмичка туристичка агенција, Моника Наковска на синоќешната Гала вечер на доделување награди на најдобрите во различни категории.