Вчера околу 13:45 часот на регионален пат помеѓу селата Смоквица и Прдејци, гевгелиско, товарно возило „Фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(35) од село Добрејци, струмичко, изгубило контрола и излетало надвор од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.М. и сопатникот Љ.А.(43) од Струмица, а со телесни повреди се здобил сопатникот А.Л.(48) од Струмица, констатирани во Здравствен дом Гевгелија. Увид на местото изврши екипа на Полициската станица Гевгелија, информираат од СВР Струмица.




























