Синоќа во 20:15 часот во село Раклиш, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ги лишија од слобода Д.М.(24) и К.Ц.(23), двајцата од Струмица, како и Д.М.(44) од Раклиш. При извршен преглед кај 24-годишниот струмичанец биле пронајдени пакување со жолта прашкаста материја и пакување со марихуана. Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, информираат од СВР Струмица.




























