Синоќа околу 21:40 часот на локалниот пат Струмица – Просениково се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(32) од село Доброшинци и патничко возило „Мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од С.Т.(39) од село Градско Балдовци.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и Т.Н.(47) од село Пиперево, сопатник во патничкото возило „Ауди“, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „Мерцедес“, констатирани во струмичката болница.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.