Од СВР Струмица информираат дека вчера околу 12:30 часот на крстосница од ул. „Агро берза“ и локален пат за село Просениково, општина Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Тико“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.И.(42) од Штип, и патничко возило „ДФСК“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.С.(21) од село Просениково. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките во возилото „Тико“ Б.И.(44), Р.И.(73) и М.И.(23), сите од Штип. Повредите биле констатирани од страна на лекар во болницата во Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.