Веќе дваесет дена во ноќните часови Босилово живее со традиционалниот турнир во мал фудбал „Босилово 2023“, каде на повеќенаменското игралиште 16 екипи се натпреваруваа за награден фонд од 180.000 денари.
Вечерва е малото финале помеѓу екипите „Дивино Фреихт Оне“ со „Љута Иловица“ во 21:30 часот и ФК „Дрвош“ со „Токи“ од Еднокуќево во 22:30 часот.
Двете најдобри екипи од овие натпревари ќе се борат во финалето во четврток, 10 август, за освојување на главната парична награда од 100.000 денари.
На турнирот ќе бидат избрани и најдобриот играч, најдобриот голман и најдобриот стрелец.