Веќе традиција, четврта година по ред во Етно инклузивниот ресторан „Кај Виктор“ во Босилово, во организација на Здружението „Говор на срцето“, а со поддршка на Општина Босилово и Фондацијата „Елеуса“ се одржа заедничко дружење и Божиќен ручок на лица со попреченост од струмичкиот регион под мотото: „Сите сме исти – сите заслужуваме радост“.
Во преубава атмосфера, преку прекрасна дружба, се играше и пееше, се споделуваа желби и позитивна енергија, се славеше Христовото раѓање, се делеа божиќни пакетчиња на децата и на лицата со попреченост.
„Прекрасна дружба, прекрасна забава, инклузивна и оригинална. Сите заедно го славиме Божиќ и раѓањето Христово. Христос се роди – Навистина се роди! Пред Бога сите сме исти, сите заслужуваме радост. Да не ги заборавиме лицата со ограничени можности“ – вели градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев.