Од СВР Струмица информираат дека вчера околу 02:00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струмица, мотоцикл „Гилера“ без регистарски ознаки, управуван од 25-годишен струмичанец, удрил во паркирано патничко моторно возило „Пежо 407“ со беровски регистарски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Струмица, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.