Вчера попладне околу 17:00 часот на регионален пат 1403, делница помеѓу селата Борисово и Колешино, струмичко, О.Г.(30) од село Старо Коњарево, струмичко, управувајќи мопед „Јамаха“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.