Доцна синоќа околу 01:00 часот по полноќ на магистралниот пат А4, делница од село Ново Село кон село Секирник, струмичко, патничко возило „БМВ“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Ч.(37) од село Зубово, струмичко, излетало од патот и се превртело, информираат од струмичката полиција.
Од здобиените повреди возачот починал на самото место, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.