Случајот за смртта на 26-годишниот Јован Витанов, сепак не е затворен. Јавното обвинителство ја промени изјавата за истрагата. Откако првично одговорија дека смртта на Јован Витанов не настанала по насилен пат и јавен обвинител го затворил случајот, потоа го променија исказот. Испратија ново сооштение во кое велат дека наодите од двете обдукции не покажуваат дека смртта настанала по пат на насилство. Готови биле и резултатите од токсиколошката анализа, но, тие не можеле да се споделат со јавноста, објави ТВ ВИС.
Не одговориле на прашањата на ТВ ВИС, зошто кажаа дека случајот е затворен, кога надлежниот јавен обвинител во Струмица сé уште работи на случајот. Само рекоа дека има неодговорени прашања околу целиот случај и затоа во Основното Јавно обвинителство во Струмица предметот сé уште е заведен до донесување на конечна јавнообвинителска одлука.
Повеќе на следниот линк>>>