На YouTube каналот популарната фолклористка, струмичанката Сузана Гавазова викендот објави нова песна со видео спот – „Света земја“.
„Ова земја колку трае, за маки само таа знае, горда сум што пеам сега во света земја на македонски“ – пее во „Света земја“ Сузана, која е и самата авторка на текстот, а со кој испраќа и порака до Македонците кои живеат и работат во странство: „Да се вратиш, да се сетиш, кој си, што си, кој те сака, а таа е само Македонија“.
Музиката и аранжманот се на Јован Василевски, снимена е во студиото „D1“, а видео спотот е во продукција на: „RED CENTRAL“. Режија: Ѓорѓе Богдановски, камера: Ненад Велковски, директор на фотографија: Милчо Силјановски, едитор: Христијан Џогов, графички дизајн: Ѓорѓе Богдановски, а е снимено на неколку локации низ Македонија.
Во самата песна со своите гласови се појавуваат и дечињата од хорот „Крешендо“, а освен тие, како инструменталист се и Гоце Димовски – кавал, Глигор Кондовски – виолина, Гоце Симоновски – гитара и пратечки вокал: Ана Костадиновска.