Струмичкото ВМРО-ДПМНЕ реагира на, како што велат, манипулациите на градоначалникот Костадин Костадинов во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24. Според советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот ја излажал македонската јавност дека тие се против зелени површини.
„Изгубен во своите креирани лаги и манипулации, градоначалникот Костадинов ја излажа македонската јавност дека советничката група е против зелени површини. Напротив тој е единствениот кој е против зелени површини, а ВМРО-ДПМНЕ во Струмица е таа која се бори за повеќе паркови и зелени површини.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ многу пати на седници на Совет му сугерираат зелени површини со точни локации во новиот ГУП и зголемување на зеленилото. Државното земјиште во Струмица, целото да биде зеленило е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ.
Но, заплеткан во односите со неговите фамилијарни фирми, Костадинов е ЗА БЕТОНИЗАЦИЈА на Струмица, наместо паркови предлага згради, наместо училиште предлага кафани, наместо решение за чист воздух предла ГУП од кој поединци ќе имаат личен бенефит.
Костадинов нека ги ослободи приватните парцели на граѓаните и нека го предвиди државното земјиште за зелен појас. СИЛАТА Е ВО НАРОДОТ! Не му вредат повеќе заканите, прочитан е од народот како политичар профитер кој застана против својот народ“, напишаа во реакцијата од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Струмица.