Денешната посета на премиерот Ковачевски, Министерката Јована Тренчевска и заменик министерката за правда, Аврамовска Мадиќ на Струмица јасно покажува дека оваа Влада секојдневно се соочува со колапсот во кој ја доведе земјата и дека наскоро овој состав ќе замине на буништето на политичката историја.
СДС има недостиг на проекти за Струмица со кои би ги оправдале своите пет локални мандати и два национални мандати. И затоа избегнува да им погледне на струмичани во очи. Избегнаа да ги сретнат пензионерите на кои наместо пари им дават лекции како да преживееле. Избегнаа да се сретнат со земјоделците за кои сезоната станува претешка. Ги избегнаа граѓаните за кои нема доволно лекови. Избегнаа средба со младите кои планираат да мигрират. Избегнаа да ги посетат сите оние административци кои секој ден им протестират.
Конечно, избегнаа јавно да одговорат што всушност се случува во Струмица со несериозниот и сомнителен пристап кон новиот предлог ГУП. А можеби пак, посетата е токму заради дебаклот на таа тема.
Да ги сретнеа сите граѓани кои се жалат самите ќе сфатеа дека не се пожелни во Струмица и дека е време да си заминат од политичката сцена.
На изборите ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи и струмичани ќе добијат вистинска поддршка за сите проблеми и сите идеи.
ОК ВМРО-ДПМНЕ Струмица