Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ информираат за „инцидент и немил настан“, обвинувајќи ги ОО на СДСМ во Струмица.
„Ја информираме јавноста за уште еден инцидент и немил настан. СДСМ Струмица во очај заради неуспешоста на уцените, заканите и пристисоците врз граѓаните преминува во употреба на физичко насилство.
Не можејќи да се соочат со изборниот пораз во општина Струмица, со поразот во Банско и слабата поддршка од граѓаните, раководството на СДСМ по поразот се служи со притисоци врз своите членови, истовремено со закани и директни напади на активисти на ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска, 3 мај во текот на денот од страна на активист и претседател на СДСМ во Банско, Даме Тренчевски во маркет, физички и со употреба на сила е нападнат претседателот на младите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Андонов.
Нападот уредно е пријавен пред надлежните органи, а за овој инцидент ОК на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги извести претставниците на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Република Македонија.
Пред само неколку денови известивме за инциденти, каменување во кампањата на штабови на ВМРО-ДПМНЕ, закани и обиди да се изврши заплашување на сограѓаните.
Ги охрабруваме сите наши сограѓани, посебно членовите на СДСМ кои се ослободија и доброволно го напуштаат бродот на СДСМ кој тоне да не подлегнуваат на заканите и притисоците.
Паниката во изборните штабови на СДСМ во Струмица е голема и тешко е да се консолидираат редовите, но сепак нашиот апел е да се зачува граѓанското достоинство.
Времето на СДСМ заминува и со себе ќе ги однесе насилничките однесувања, криминалот и корупцијата. Веќе е време СДСМ Струмица да започне со внатрешни реформи. А ние ќе им помогнеме на тој начин што ќе ги натераме да одговараат за своите криминални постапки – стои во писмената реакција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.