Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов денеска полни 34 години. Роден е на 22 март 1990 година во Струмица. Костадинов од 20 октомври 2021 година е градоначалник на општина Струмица, избран на Локалните избори кои се одржаа на 17 октомври. Претходно во јануари 2017 година (на 27 години) беше именуван за ВД градоначалник на општина Струмица, откако Зоран Заев се повлече од оваа функција поради ангажирање во македонското Собрание како пратеник, а по шест месеци и премиер во новата Влада.