ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги информира граѓаните дека поради високите температури и препораките на Министерството за труд и социјална политика, од вечерва собирањето на комуналниот отпад од домаќинствата ќе го собира во вечерните часови, односно секој работен ден од 20:00 часот. Овој термин на собирање на отпадот ќе се реализира во наредните две седмици.
Од „Комуналец“ додаваат дека исто така со цистерна ќе се врши и ноќно перење на улиците со техничка вода за намалување на температурата на асфалтот и ќе се подобри хигиената по улиците.
„Поради зголемена потрошувачка на вода апелираме до сите граѓани да се воздржат од непотребно трошење вода за полевање на дворовите и улиците со што би се избегнале несакани рестрикции“, апелираат од струмичкото комунално претпријатие.