По три децении творештво како соло-артист и со повеќе од 15 изданија, еден од најголемите македонски рап артисти Да Џака Накот подготвува целовечерен хип-хоп концерт на 17 март во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.
На репертоарот ќе се најдат плејада хитови што го опфаќаат тридецениското творештво на Џака, вклучувајќи ги неговите албуми од 2001 до 2023. Од „Неопходно зло“ до „Live On No Evil“, како и соработки со многу артисти низ годините.
Гости на вечерта ќе бидат: Диџеј Гоце (С.А.Ф.), Легијата, Куп Де Грас, Мартикс, Страјк, Диџеј Попај, Лукич, Ади Имери, Диџеј Славе, Блажеј (СТР2), Кунг Фулиш, Р.О.Н.И.Н., Druggy, Алфа, како и специјалниот гостин од Србија – Бвана Из Лагуне. Дел од концертот ќе заземат и нашите струмичани, Дивизија, со кои Џака соработува од 2004 година.
Да Џака Накот неодамна гостуваше на концертот на Кискинов во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, каде беше изведена нивната заедничка песна од последниот албум на Да Џака Накот – Live On No Evil, насловена Bomb Mob.
Картите за концертот може да се набават на благајната и на веб-сајтот на МКЦ по цена од 400 денари, како и на врата на денот на концертот по цена од 500 денари.