Во дворот на ЈЗУ „Општа Болница“ во Струмица денеска традиционално беше одбележан празникот на Светите Козма и Дамјан – заштитници на болните и сиромашните, познати меѓу народот како Свети врачи.
Пред темелите на малата црква, која веќе подолг период чека да биде изградена во болничкиот круг, отец Стоил Димитриев од Струмичката Православна Епархија одржа празнична литургија за здравје на сите и за успех во работата на медицинскиот персонал.

Ова традиционално одбележување, кое се реализира по 14-ти пат, годинава беше во организација на персоналот од Интерното одделение при струмичката болница. Тие го предадоа кумството – славата на вработените во Одделението за уво, нос и грло (ОРЛ), кои ќе ја организираат наредната година.

Светите Козма и Дамјан имаат посебно значење во македонската православна традиција. Нивниот култ е распространет низ целата земја, со бројни цркви и лекарски здруженија кои го носат нивното име. Народот ги нарекува „бесребреници“ поради нивната пожртвуваност и лечење без надомест. Празникот се одбележува двапати годишно – на 1 јули (летни врачари) и на 1 ноември според стариот календар.





























