Вечерва во 19:00 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ликовниот уметник Љупка Галазка Василев ќе ја постави својата изложба „Лирско интермецо“.
Пред прилепчани ќе бидат презентирани дваесеттина дела, насликани во техника акрил и комбинирана техника на платно, создадени во последните неколку години.
Станува збор за колаж од сликарски секвенци преку кој се материјализираат нашите стравови, копнежи, желби и очекувања. Отсликување на човечката душа, нежна и кршлива, а во исто време толку моќна.