Македонската одбојкарска репрезентативка Софија Ричлиева од Струмица стави потпис за шпанскиот клуб „Премиа Де Далт“ од Барселона, клуб од Суперлига 2 во Шпанија. Ричлиева досега играше за: „Македонија Макс“ (Струмица), „Воллеyро Рома“ (Италија), „Орду Турк Телеком“ и „Бујукчекмеџе Волејбол Академиси“ (Турција), „Дреница“ и „Скендерај“ (Kосово), „Вестсјаелланд“ (Данска), „Лариса“ (Грција) и „Брда“ (Хрватска).