И пак воодушеви со својата интерпретација, но и со својот стајлинг. Славица Ангелова од Струмица го продолжува натпреварувањето во „Ѕвездите на Гранд“, и по синоќешниот настап и гласовите на жирито, Славица стигна до полуфиналето.
Во синоќешното ТВ шоу таа се претстави со песните „Нека те боли“ од Лина Пејовска во македонска верзија и „Чаробан“ од Нина. Славица беше во дуел со Дарко Ѓoргески од Гостивар кој живее во Австрија.
„Славица тоа беше феноменално. Многу не ќе можеа да се изборат со овие песни, но ти успеа… Славица ти ме воодушеви и со стајлингот и со изборот на песни…“, беа дел од коментарите од жирито кои и доделија 6 гласа и директно се пласираше во полуфиналето на „Ѕвездите на Гранд“.