Струмичанката Кумјана Новакова ја освои наградата за човекови права со документарецот „Молк на разумот“, премиерно изведен на 29-от „Сарајево филм фестивал“, кој заврши синоќа во рамките на конкурсот документарен филм „Срцето на Сараево“.
„Молк на разумот“ е сочинет од сведоштва и видеоматеријали од фоензичките архиви за претрпеното насилство и тортурата на жените кои во војната во Босна и Херцеговина поминале низ камповите за силување во Фоча. Ова е втор долгометражен документарец на Новакова, по наградуваниот „Вознемирена земја“ во 2021.
Филмот е во продукција на „Медеа“ Македонија и „Право Људски“, Босна и Херцеговина, во партнерство со БИРН.