Струмичанецот Благој Ѓузелов ќе биде дел од македонската експедиција на Хималаите во искачување на врвот Island Peak (6165m), познат како Imja Tse е во близина на Лотце и Ама Даблам и рангиран со техничка тежина на искачување Alpine PD+.
Во четврток, во 14:00 часот, Планинарско алпинистички и ориентационен клуб „ЕНТУЗИЈАСТ“ Струмица организира испраќање на Ѓузелов пред споменикот на Борис Трајковски во големиот градски парк во Струмица.