Полициски службеници од СВР Струмица синоќа во 01:00 часот го уапсиле В.А.(43) од струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом се заканувал на неговата 39-годишна сопруга. Од СВР Струмица велат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.