СВР Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 12.10.2025 година околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска станица, каде што биле складирани боци со плин.