недела, 8 февруари 2026
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Струмичанец лишен од слобода поради телефонски измами со лажни лекари, запленети над 15.000 евра

недела, 8 февруари, 2026 | 15:30
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Синоќа Струмица со многу високо ниво на загадување – на полноќ 363 микрограми ПМ10 честички во воздухот

Полициски службеници од СВР Струмица вчера, околу 12:30 часот, во Струмица го лишиле од слобода О.В.(38) од Струмица, поради сомнение за извршување на кривични дела измама.

Според информациите од полицијата, осомничениот на 6 и 7 февруари годинава, во два наврати, учествувал во измами во кои биле оштетени 84-годишна и 68-годишна жителка на Струмица, додека во еден случај било спречено обид за измама на 77-годишна жителка на градот.

Како што информираат од СВР Струмица, едно лице телефонски ги контактирало жртвите на нивните фиксни телефонски броеви, претставувајќи се како медицинско лице и барајќи пари наводно за итна операција на нивна ќерка или снаа. По претходен договор, О.В. одел на локациите што му биле посочувани и ги преземал парите од оштетените.

При лишувањето од слобода, кај осомничениот биле пронајдени 15.150 евра и 50 швајцарски франци, за кои се сомничи дека се стекнати со извршување на кривичните дела. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, каде во службен разговор го признало начинот на извршување на делата.

За случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Од СВР Струмица повторно апелираат до граѓаните да бидат внимателни при телефонска комуникација со непознати лица, да не наседнуваат на ваков тип измами, да ги проверуваат информациите што им се пласираат и да не даваат пари на непознати лица, како и сите сомнителни случаи навремено да ги пријавуваат во полиција.

ShareTweetShare
Previous Post

Полициска акција на МВР во струмичко: заплена на марихуана во атарот на Сушица

Related Posts

Полициска акција на МВР во струмичко: заплена на марихуана во атарот на Сушица
Ново Село

Полициска акција на МВР во струмичко: заплена на марихуана во атарот на Сушица

сабота, 7 февруари, 2026 | 13:02
Пратеничката Ели Панова од Струмица избрана за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
Вести

Пратеничката Ели Панова од Струмица избрана за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

петок, 6 февруари, 2026 | 21:41
По една година од пожарот во Кочани: Струмичанка од Велика Британија покренува хуманитарна кампања за болницата
Вести

По една година од пожарот во Кочани: Струмичанка од Велика Британија покренува хуманитарна кампања за болницата

петок, 6 февруари, 2026 | 17:49
Комисијата за проценка на штети на терен по поплавите во општина Струмица
Вести

Комисијата за проценка на штети на терен по поплавите во општина Струмица

петок, 6 февруари, 2026 | 17:01
policija5
Вести

Два случаи на управување возило без возачка дозвола регистрирани во струмичко

петок, 6 февруари, 2026 | 11:54
Министерството за животна средина алармира поради загадениот воздух во Струмица
Вести

Рекордни 27 тони марихуана запленети во акција во Скопје и Струмица

петок, 6 февруари, 2026 | 09:49

ТОП ВЕСТИ

Струмичанец лишен од слобода поради телефонски измами со лажни лекари, запленети над 15.000 евра
Полициска акција на МВР во струмичко: заплена на марихуана во атарот на Сушица
Јанков: За 100 дена стабилизирана Општина Струмица, подобрена финансиска состојба и засилен институционален ред

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ-ЛУНА“ – Струмица вработува Рафинеријата за масло „ОСТРОГ-ЛУНА“ – Струмица вработува
СЕ ПРОДАВА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА на актрактивна локација покрај регионалниот пат Струмица – Василево СЕ ПРОДАВА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА на актрактивна локација покрај регионалниот пат Струмица – Василево
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори

ВЕСТИ од Македонија

БЛОКАДА НА ГРАНИЦИТЕ: Превозниците од понеделник го стопираат товарниот сообраќај на девет премини

Одрон од карпа на автопатот Скопје – Велес кај тунелот „Бадар“, сообраќајот се одвива без застој

Прекинат сообраќајот на граничниот премин Евзони – Богородица поради блокада од грчките земјоделци

НАЈАВА

Шаманизмот и детските игри во фокус на предавања на две струмичанки во Белград
Поројни врнежи најавени за југоистокот – можно излевање на реките во Струмичко
„Здрава котлина“ најавува целосна блокада на кружниот тек кај Поштата
Минирање на рударскиот коп „Хамзали“ на 3, 4 и 5 февруари – апел за почитување на безбедносните мерки
Советот на општина Струмица утре ќе расправа за задолжување на „Струмица Гас“, ќе носи и нови правила за финансирање на спортските клубови

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist