Струмица утре празнува, струмичани го слават Денот на заштитниците на градот, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици.
По тој повод, утре од 08:30 часот во Црквата што го носи името на заштитниците на градот Струмица, ќе се одржи Света Божествена литургија.
Свечената седница на Советот на општина Струмица ќе започне во 13:00 часот во НУЦК „Антон Панов“, на која ќе бидат доделени и традиционалните Годишни награди и наградата за животно дело „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ на општина Струмица за 2022 година.