Шести пат по ред, а вкупно деветти, одбојкарите на „Струмица Никоб“ го освоија пехарот во македонскиот одбојкарски Куп. Во финалето попладне во Радовиш, актуелниот првак беше доминантен и славеше над ГОК „Борец“ со 3:0 (27:7, 25:23, 25:18), на тој начин освојувајќи го 18-от пехар во клупските витрини.
Владо Милев имаше 12 поени, Хараба заврши со 11, Алексов со 7, Глобоцки заработи 5, Наков 4, а Ефтим Ричлиев 2. Кај ГОК „Борец“ најефикасни беа примачите Волков со 14 и Костиќ со 12 поени.
По оваа сега струмичани ќе атакуваат по титулата и во првенството што би значело и освојување на двојната круна.