По синоќешната Манифестација „Спортист на годината“ и освоените награди за одбојкарите на ОК „Струмица Никоб“, тие денеска продолжија со победа на терен, стартувајќи го вториот дел од одбојкарскиот шампионат. На домашен терен играа со одбојкарите на „Работнички“ победувајќи ги со 3:0 во сетови 25:07, 25:16, 25:15.
Струмичките одбојкари сé уште го држат првото место на табелата од Првата државна лига во одбојка, без изгубен натпревар ова сезона и се во предност од 4 бода од екипата на „Шкендија“.