четврток, 18 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Струмица го одбележа Светскиот ден на велосипедот со информативен настан наменет за младите на тема „Велосипедизам и вело-иднина“

вторник, 4 јуни, 2024 | 14:26
in Вести, Струмица
Струмица го одбележа Светскиот ден на велосипедот со информативен настан наменет за младите на тема „Велосипедизам и вело-иднина“
Струмица го одбележа Светскиот ден на велосипедот со информативен настан наменет за младите на тема „Велосипедизам и вело-иднина“
Струмица го одбележа Светскиот ден на велосипедот со информативен настан наменет за младите на тема „Велосипедизам и вело-иднина“
Струмица го одбележа Светскиот ден на велосипедот со информативен настан наменет за младите на тема „Велосипедизам и вело-иднина“
Струмица го одбележа Светскиот ден на велосипедот со информативен настан наменет за младите на тема „Велосипедизам и вело-иднина“

Во знак на 3-ти јуни – Светскиот ден на велосипедот, Општина Струмица беше домаќин на информативен настан именуван како „Светот на Двe Тркала: Празник на Велосипедот”, наменет за учениците во средните училишта на територија на општината. Настанот, кој се одржа во новиот Младински центар, беше спој на едукативни сесии и интерактивни прикази, чија цел беше едукација и подигнување на свеста кај младите за историјата и развојот на велосипедот, нивно поттикнување и инспирирање да го прифатат велосипедизмот и да придонесат за позелена, поздрава иднина.

Присутните имаа можност да дознаат повеќе информации за еволуцијата на велосипедите – од нивните најрани дизајни до напредните модели на денешницата, како и да се запознаат со уникатни и необични велосипеди дизајнирани за специфични услови. Дополнително, беа претставени и фасцинантни светски рекорди во велосипедизмот, интересни факти за најдолгите велосипедски патеки на глобално ниво, како и вело-градовите ширум светот, што даде приказ за тоа како урбаното планирање влијае врз креирање на добра средина за велосипедистите. Преку информативниот настан, младите се запознаа и со безбројните придобивки од возењето велосипед, позитивните влијанија врз личното здравје, животната средина и економијата. Безбедноста беше клучен фокус, со детални дискусии за законските барања за велосипедистите, основната безбедносна опрема и упатства за безбедно навигација и на велосипедските патеки и на јавните патишта.

Значителен дел од настанот беше посветен на прикажување на плановите и иницијативите на општина Струмица во развојот на велосипедската инфраструктура. Беа презентирани и досегашните реализирани и претстојните активности – дел од проектот „Струмица – паметен вело град“, финансиран од Европската Унија во рамките на програмата „ЕУ за општините“, чија цел е промовирање на велосипедизмот како здрав, еколошки и економичен начин на транспорт.

Како дел од овој проект, од неговиот почеток до денес, изградени се нови велосипедски патеки на неколку клучни локации, меѓу кои и двонасочна патека од булеварот „Ленинова“ до спортската сала „Парк“, патека долж двете страни на булеварот „Ленинова“ и патека долж двете страни на булеварот „Маршал Тито“. Други значајни доградби вклучуваат патеки на булеварот „Климент Охридски“, на улица „Братство Единство“, на улица „24. Октомври“ и низ Старата чаршија. Обележани се дополнителни велосипедски патеки на различни улици, со што се придонесе за подобра велосипедска инфраструктура во градот.

Во фаза на спроведување е одбележувањето на велосипедски патеки на улиците „Братство и Единство“ и „Ѓуро Салај“, како и на други улици низ Струмица, а како дел од проектот предвидена е и реализација на дополнителни активности за поттикнување на велосипедизмот во Струмица.

ShareTweetShare
Previous Post

Во Белград од 7 до 22 јуни ќе биде поставена ретроспективна изложба на дела од струмичанецот Стојан Пачов

Next Post

Концерт на „Дуо гитари“ од Бугарија во Градската Уметничка галерија во Струмица

Related Posts

Во прекин патниот правец од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница
Вести

Синоќа кај брана Водоча во два одделни случаи фатени дрвокрадци кои превезувале бесправно исечени дрва

четврток, 18 септември, 2025 | 14:34
И годинава ќе се одржи Фестивалот „Подиум Ад Астра 2025“
Вести

И годинава ќе се одржи Фестивалот „Подиум Ад Астра 2025“

четврток, 18 септември, 2025 | 11:31
ЦУК: Гори депонија кај Колешино
Босилово

Приведен подметнувач на пожар меѓу селата Дабиле и Петралинци

среда, 17 септември, 2025 | 15:08
Босилово

Утре голем број на населени места во струмичко ќе бидат без струја од 08:15 до 16:00 часот

среда, 17 септември, 2025 | 11:23
Од традиција до модерна млекарница: „Ѓоргиеви“ од Радовиш, пример како ИПАРД ги менува аграрните бизниси
Вести

Од традиција до модерна млекарница: „Ѓоргиеви“ од Радовиш, пример како ИПАРД ги менува аграрните бизниси

вторник, 16 септември, 2025 | 18:47
Приведено 22-годишно момче, нападнал вработена во угостителски објект и ја оштетил влезната врата
Вести

Во Струмица уапсен крадец кој украл пари од каса во продажен објект

вторник, 16 септември, 2025 | 12:53

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково
Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist