Средношколци од Франција престојуваат во Струмица на практична работа преку учење во струмички компании. Нивни домаќини се учениците од државното средно училиште „Никола Карев“.
„Престојот на француските ученици во нашиот град е нивната мобилност, како дел од 14-дневна програма која вклучува учење преку работа во три струмички компании, а е резултат на соработката на ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица со АФОРПА групацијата на стручни училишта од Париз, Франција, чија основна дејност е стручно образование и обука во автомобилската индустрија“, информираше градоначалникот Костадин Костадинов, кај кого денеска, заедно со нивни врсници и професори од струмичкото училиште беа на гости во кабинетот.
Таквата соработка меѓу двете институции е воспоставена минатата година преку препознавање на успесите на ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ во реализираните „Еразмус+“ активности во стручното образование и обука.