Поради обилните врнежи од дожд, на делови од патниот правец низ населеното место Куклиш се појавија наноси од песок. Екипите на ЈПКД „Комуналец“ со сопствена механизација започнаа со расчистување на асфалтот од наталожениот материјал, со цел обезбедување непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Воедно, од „Комуналец“ апелираат граѓаните, особено во вакви врнежливи услови, да управуваат со своите возила со посебна внимателност.





























