Во петокот во 09:45 часот на магистралниот пат Струмица – Ново Село, кај селото Секирник, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотокултиватор „Окај“ без регистарски таблици, управуван од Д.М.(77) од Секирник и товарно возило „Мерцедес“ со струмички регистарски таблици, управувано од А.Ј.(40) од Струмица, информираат од СВР Струмица.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.М., констатирани во струмичката болница. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.