Вчера околу 11:00 часот на магистралниот пат Струмица – Ново Село се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.М.(67) од Струмица и товарно возило „Фолксваген“ со велешки регистарски ознаки, управвувано од А.К. од Велес, информираат од струмичката полиција.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Л.М.(41), сопатичка во возилото „Шкода“, констатирани во болницата Струмица. Увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициската станица Струмица.