вторник, 3 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Сообраќајка кај Лакавица – во едно од возилата била министерката Јована Тренчевска

петок, 5 јануари, 2024 | 22:58
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Жена загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил кај Владевци

Попладнево околу 17:30 часот на патот Штип – Радовиш кај селото Лакавица се случила сообраќајна незгода помеѓу две возила, а во едно од возилата била и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

Во незгодата учествувале патничко возило „Шкода“, сопственост на Владата, управувано од Г.А.(53), и патничко возило „Фолксфаген пасат“ со швајцарски регистарски таблички кое го управувал 48-годишник од селото Мокриево, струмичко.

Во сообраќајната незгода со телесна повреда се здобил возачот на шкодата Г.А., констатирана од лекар од Итната медицинска помош Штип. До сега не се пријавени повреди од друго лице. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Штип и јавен обвинител, велат од МВР.

По сообраќајката со објава на Фејсбук се огласи министерката Тренчевска:

„Драги другари и другарки! Попладнево, по завршување на службените активности во мојата родна Струмица, на патот кон Скопје, се случи сообраќајна незгода, по која сакам да ги информирам сите мои најблиски и граѓаните дека сите сме во добра состојба. Ви благодарам на сите за искрените повици, пораки и загриженост за нашата добросостојба. Вечерва токму пред Бадник и големиот христијански празник Божиќ, чувствувам благодарност што Бог ме чуваше мене и мојот тим. Луѓето со кои го поминувам секој ден. Ви посакувам мир и спокој овие денови“, напиша министерката Тренчевска.

ShareTweetShare
Previous Post

Горанчо Јованов од Сарај е добитник на автомобилот „Volkswagen Polo“ од БЕНЗОИЛ

Next Post

Православните христијани го слават Бадник

Related Posts

Почна 4-то издание на „Strumica Classic International Festival“ – ќе настапат врвни музичари од Македонија, Чешка и Бугарија
Вести

Почна 4-то издание на „Strumica Classic International Festival“ – ќе настапат врвни музичари од Македонија, Чешка и Бугарија

вторник, 3 јуни, 2025 | 08:51
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“
Вести

Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

понеделник, 2 јуни, 2025 | 13:14
Во Градската уметничка галерија во Струмица поставена изложба на фотографии од царското семејство Романови
Вести

Во Градската уметничка галерија во Струмица поставена изложба на фотографии од царското семејство Романови

понеделник, 2 јуни, 2025 | 12:45
Младиот Лука Г. Костов вечерва ќе ја промовира својата прва книга „Филигран од мастило“
Вести

Младиот Лука Г. Костов вечерва ќе ја промовира својата прва книга „Филигран од мастило“

понеделник, 2 јуни, 2025 | 12:30
Филипче од Струмица: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат ваква Влада
Вести

Филипче од Струмица: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат ваква Влада

сабота, 31 мај, 2025 | 21:22
Одбојкарките на македонската репрезентација во Струмица славеа убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург
Вести

Одбојкарките на македонската репрезентација во Струмица славеа убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург

сабота, 31 мај, 2025 | 12:10

ТОП ВЕСТИ

Почна 4-то издание на „Strumica Classic International Festival“ – ќе настапат врвни музичари од Македонија, Чешка и Бугарија
Се распееја прекрасни вокали од неколку градови во салата на Центарот за култура – по 15. пат „Под кулите на Струмица“
Се рушат бесправно поставени урбана опрема и објекти на јавни површи во центарот на Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“
Младиот Лука Г. Костов вечерва ќе ја промовира својата прва книга „Филигран од мастило“
КНИЖЕВНА ВЕЧЕР со Жарко Милениќ
Фестивалот на староградската песна и серенада „Под кулите на Струмица 2025“ во четврток во Центарот за култура
Во среда во Струмица ќе биде прикажан филмот „Невидливиот гостин“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist