Синоќа пред полноќ на крстосницата од булевар „Ленинова“ со булевар „Маршал Тито“ во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од Р.У.(18) и патничко возило „Фолксваген бора“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Х.(60) двајцата од Струмица, информираат од СВР Струмица.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од Скопје, констатирани во струмичката болница. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.