Создавање нова приказна за луѓето од третото доба – Дом за стари лица „Свети Јован“ Струмица.
Домот „Свети Јован“ се наоѓа на крајот од градот Струмица од десната страна на улицата која води кон регионалниот пат за Валандово, на мирно и прекрасно место од ниско-ридски дел, горниот дел опкружен со идарска шума од планината Еленица.
Во внатрешноста на домот, кој е на две нивоа, покрај апартманските соби – еднокреветна, двокреветни и соби за три и четири лица, опремени со wc и туш кабина во секоја соба, во зависност од барањата на корисниците, има и посебна заедничка просторија за дружење и слободни активности, сопствена кујна во која секојдневно се подготвуваат свежи и топли оброци и просторија за медицинска нега и услуга.
За корисниците кои престојуваат во домот се грижат, негуватели, социјален работник, медицински и технички персонал. Домот располага и со сопствено медицинско возило за транспорт на пациенти…
Контакт и повеќе информации на: 072 557 001